Вести Македонија Најважни

Спасовски вината за слободните убијци на Вања ја насочува кон судот

Искаран од американската амбасадорка како и сите надлажени, но потврдува дека има проблеми во функционирањето на системот кој не ги затвори убијците на Вања Ѓорчевска иако тие претходно имале насилни кривични дела. Министерот Спасовски смета дека општеството треба да се разбуди и да биде активно за да не се случуваат такви злосторства, но смета дека полицијата работи, додека процесите за казнување на луѓето како групата на Палевски-Палчо, застануваат во други институции.

ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвини дека полицијата можела да ја спаси Вања која била ликвидирана 2 и пол часа по грабнувањето. По 8 години како министер, системот што не функционира е негова вина, велат од опозицијата.

Доколку МВР на Спасовски распишеше централна објава по возилото на Панче, и неговите убијци ќе биле фатени уште на 24-ти ноември кога влегло во Скопје или на 25-ти кога повторно е лоцирано на камерите на „Безбеден град“. Наместо празни изјави и правдање Спасовски да понесе одговорност, а со него и СДС зошто го уништија системот, работа од која сега ги гледаме жртвите, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Спасовски кој ги негира обвинувањата на опозицијата како обид за политички поени од големата  трагедија, го брани својот ресор-дека полицијата постапува, работи и апси, но судот ослободува. Имало и случај кога ослободен од притвор се обидел да го заколе началникот на струшката полиција пред детето на жртвата.

Вчера амбасадорката на САД Агелер во интервју за Канал 77 рече дека Вања е жртва на системот кој не ги казнил за претходните кривични дела, нејзините убијци.

Миомир Серафиновиќ

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе