Ракомет Спорт

Петто светско финале за Франција и Норвешка

Ракометарките на Франција и Норвешка вечерва од 19 часот ќе се соочат во финалето на Светското првенство.

За двете селекции ова ќе биде петти пат на последниве девет шампионат да се сретнат во решавачката битка за златниот медал.

Историјата на меѓусебни дуели во финалето почнува пред 24 години кога Норвешка по продолжение од пет минути славеше со 25:24, а 12 години подоцна нов триумф на Скандинавките кои во Бразил забележаа победа од 32:24.

Во 2017-тата конечно Франција успеа да ја прекине низата порази и на Мундијалот што се одржа во Германија во неизвесна битка го совладаа противникот со 23:21.

Две години подоцна на последниот шампионат чиј домаќин беше Шпанија, Норвежанките стигнаа до нова титула и вечерва во Хернинг ќе се обидат да го одбранат тронот и да стигнат до петтото злато во историјата или вкупно 12 трофеј на Светските шампионати.

Двете репрезентации веќе имаа еден двобој во Главната рунда од првенството кога во меч од втората група кој решаваше за освојување на првото место Франција славеше со 24:23 што е и единствениот пораз на Норвежанките во досегашниот тек од Мундијалот.

Франција до овој момент на Светските првенства има освоено шест медали од кои две злата и четири сребра и сите се под раководство на селекторот Оливие Крумболц, кој најави дека ќе се повлече од функцијата по завршувањето на Олимписките игри во Париз.

Мечот се игра во данскиот град Хернинг, а почетокот е закажан за 19 часот додека од 16 на програмата е натпреварот за бронзата во кој се среќаваат Шведска и Данска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе