Спорт Фудбал

Новото Светско клупско првенство со 32 тимови ќе се игра во САД во 2025 година

САД во следните три години ќе бидат центар на фудбалскиот свет. Освен што Американците ќе бидат домаќини на Копа Америка идното лето и Светското првенство во 2026 година, тие ќе го организираат и првото официјално Светско клупско првенство на ФИФА со 32 екипи во летото 2025 година.

ФИФА денеска ги објави деталите за клупскиот Мундијал во 2025 година и ги потврди дел од учесниците. Очекувано Европа ќе има најмногу претставници дури 12, а засега сигурно ќе учествуваат Челси, Реал Мадрид и Манчестер сити, како последни освојувачи на Лигата на шампионите, а ќе ќе им се приклучи и овосезонскиот првак. Потоа според ранкигот на УЕФА, учество на Мундијалот имаат и Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто и Бенфика, а треба да бидат потврдени уште три тима.

Од Јужна Америка ќе учествуваат Палмеирас, Фламенго и Флуминенсе и уште три тима, кои засега не се познати. Африка има четири претставници, а тоа се Ал Ахли и Видад, а уште два тима треба да бидат потврдени. Истото важи и за Азија, сигурни учесници се Ал Хилал и Урава Ред Дајмондс и уште два засега непознати тимови. Северна и Средна Америка и Карибите исто така имаат четири тимови, Монтереј, Сиетел и Клуб Леон, како и уште едно место кое дополнително ќе биде познато. Океанија има само еден учесник, а тоа е Окленд сити.

Последното место ќе биде резервирано за тим од САД, како домаќин на турнирот, но засега не е јасно по која методологија ќе се утврди учесникот.

Според системот на натпреварување, ќе има осум групи со по четири тимови. Само првите два тима од секоја група одат во осминафиналето и ќе се игра по еден нокаут-натпревар до финалето. Турнирот ќе трае од 15 јуни до 13 јули 2025 година.

Интересно ФИФА објави дека сегашниот формат на Светското клупско првенство ќе продолжи да се одржува секоја година, но ќе го има старото име, Интерконтинентален Куп на кој ќе учествуваат шампионите од секоја конфедерација.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе