Спорт Фудбал

Спогодбенa разделба меѓу Силекс и Михаилов

Само една недела по завршувањето на првиот дел од сезоната во домашниот фудбалски шампионат Горазд Михаилов се повлече од тренерската функција со Силекс.

Михаилов во редовите на прволигашот од Кратово беше во изминативе две и пол години и во овој период со Силекс го освои трофејот во Купот на Македонија, а ја предводеше екипата и во настапи на меѓународната сцена.

Двете страни спогодбено ја прекина соработката, а според неофицијални информации неколку тренери се во конкуренција за преземање на функцијата и се споменуваат имињата на Славчо Георгиевски и Срѓан Захариевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе