Ракомет Спорт

Познати шест учеснички на олимпискиот ракометен турнир

По одигрувањето на полуфиналните натпревари на Светското првенство во женска конкуренција познати се половина од репрезентациите кои ќе бидат дел од олимпискиот турнир на Игрите во Париз.

Франција која успеа да се пласира во мундијалското финале настап на турнирот обезбеди како домаќин на натпреварувањето што ќе се одржи следната година.

Според правилата од Светското првенство пласман на Олимписките игри обезбедува освојувачот на првото место, но со оглед на фактот дека Франција ќе се бори за златото без разлика на епилогот од натпреварот, Норвежанките се сигурни учеснички на завршниот турнир во Париз.

Бидејќи финалистите веќе си обезбедија настап во француската престолнина Франција како домаќин и Норвешка како европски првак, пласман на Олимписките игри обезбеди и Данска која на минатогодишниот континентален шампионат беше поразена во финалето.

Покрај овие три селекции учество на женскиот олимписки турнир во ракомет претходно обезбедија Јужна Кореа, Ангола и Бразил. Првите две селекции беа најдобри на квалификациите во Азија и Африка додека Бразилките се закитија со златниот медал на ПанАмериканските игри.

Останатите шест учеснички на Олимписките игри ќе бидат познати по одигрувањето на три квалификациски турнири што ќе се одржат во периодот од 11 до 14 април.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе