Ракомет Спорт

Нов систем на натпреварување и во женската ракометна лига

Само еден ден по објавувањето на веста за измена на системот на натпреварување во машкиот шампионат, денеска потврда и за новините што ќе се имплементираат и кај дамите.

Од следната сезона во првенството во женска конкуренција ќе партиципираат 14 екипи од кои шесте најдобро пласирани ќе бидат дел од разигрувањето за шампионската титула додека последните осум ќе се борат за опстанок во елитното друштво.

Во трката за освојувањето на титулата првопласираниот тим ќе пренесе три, освојувачите на второто и третото место по два бода, а четвртиот и петтиот по еден бод додека екипите кои ќе се најдат на седмата и осмата позиција разигрувањето го почнуваат без бодови.

За разлика од натпреварувањето во машка конкуренција, кај дамите во трката за опстанок, осумте екипи ќе бидат поделени во две групи по четири, а тимовите што ќе го освојат последното место се селат во понизок ранг.

Идентично како и првенството во машка конкуренција за победа ќе се доделуваат по два, а за нерешен резултат еден бод.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе