Спорт Фудбал

Турскиот фудбал суспендиран на неодредено време по синоќешниот напад врз судијата Мелер (ВИДЕО)

Фудбалската федерациија на Турција донесе одлука да ги суспендира сите натпревари од Супер лигата поради синоќешниот инцидент, кога претседателот на Ангарагучу, Фарук Коча физички го нападна судијата Халил Умут Мелер.

Анкарагучу прими гол во 97.минута од Ризеспор па натпреварот заврши со резултат 1-1 во рамки на 15.коло во Супер лигата. Претседателот на домашниот тим, Коча по последниот свиреж на судијата влезе на теренот и го удри Мелер со тупаница во главата. Неколку блиски соработници на првиот човек на Анкарагучу исто така го удираа судијата додека лежеше на тревата. Фудбалерите и останатите официјални лица спречија посериозен инцидент.


Првиот човек на Турската фудбалска федерација, Мехмет Бујукекши на прес-конференција синоќа веднаш објави дека сите натпревари од елитната лига се одложени на неодредено време и го осуди инцидентот. Реагираше и турскиот претседател, Таип Реџеп Ердоган, како и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино кои го осудија инцидентот.

Првиот човек на Анкарагучу е уапсен од турската полиција, како и соучесниците во нападот на судијата Мелер, кој е интернационален судија со знакот на ФИФА. Против напаѓачите ќе бидат покренати обвиненија, но засега не е јасно кога ќе продолжи турскиот фудбал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе