Спорт Фудбал

Наполи на чекор до осминафиналето во ЛШ, на Манчестер јунајтед му треба чудо

Вечерва се игра последното коло од групита А, Б, Ц и Д во фудбалската лига на шампиони. Има уште две слободни места за пласман во осминафиналето. Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е близу до пласман, но на Манчестер јунајтед ќе му треба мало чудо за да оди понатаму.

Во Групата А, Баерн Минхен има 13 бодови и уште по четвртата рунда обезбеди нокаут фаза. Денеска гостува на „Олд Трафорд“, каде Манчестер јунајтед мора да победи за да се надева на место во елиминациите. Проблемот на премиерлигашот не е само како да се победи Баерн, туку „црвените ѓаволи“ мораат да се надеваат на реми на дуелот помеѓу Копенхаген и Галатасарај за дојдат до второто место.

Во групата Б, се е јасно, Арсенал е прв, додека ПСВ е втор, додека Ленс и Севилја во меѓусебен дуел ќе се борат за третото место и пласман во Лигата на Европа.

Наполи е близу да му се приклучи на Реал Мадрид во елиминациите од групата Ц. На италијанскиот првак вечерва на стадионот „Диего Армандо Марадона“ му треба само да не загуби со два гола разлика од Брага за да стигне до осминафиналето. Во спротивно ќе го освои третото место и ќе продолжи во Лигата на Европа.

И во групата Ц, Интер и Реал Сосиедад во меѓусебен дуел на „Џузепе Меаца“ ќе одлучуваат кој ќе оди во осминафиналето како првопласиран, а кој како втор. На Салцбург му треба само реми на дуелот против Бенфика за да го задржи третото место во групата и да продолжи во Лигата на Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе