Кошарка Спорт

Богдановиќ блесна, но српскиот дуел во НБА му припадна на Јокиќ (ВИДЕО)

Денвер ја прекина лошата серија од три порази по ред и утринава ја победи Атланта на гостински паркет со 129-122. На Хоукс не им беа доволни ниту 40-те поени на Богдан Богдановиќ, од кои 10 тројки, бидејќи Џамал Мареј имаше 29 за Нагетс, а Јокиќ реализираше 25.

Лука Дончиќ постигна 35 поени во триумфот на Далас од 120-113 на гостувањето во Мемфис. Во еден од најинтересните натпревари, Милвоки славеше против Чикаго со 133-129 по едно продолжение. Јанис Адетокумпо имаше 32 поени со 12 скока за Бакс, додека кај Булс, Демар Дерозан запиша 41 поен со 11 асистенции.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Мајами 114-116
Детроит – Индијана 123-131
Орландо – Кливленд 104-94
Филаделфија – Вашингтон 146-101
Њујорк – Торонто 136-130
Хјустон – Сан Антонио 93-82
Њу Орлеанс – Минесота 121-107
Оклахома – Јута 134-120
Сакраменто – Бруклин 131-118
ЛА Клиперс – Портланд 132-127

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе