Спорт Фудбал

Струга и Шкупи во трка за есенската титула

Денеска се играат натпреварите од 17. последно коло во првиот дел од сезоната во домашниот фудбалски шампионат.

Лидерот на табелата и бранител на трофејот од минатата сезона Струга на домашен терен ја пречекува Брегалница додека вториот кандидат за освојување на првата позиција на половина од првенството Шкупи гостува во Струмица и ќе се соочи со АП Брера.

Третопласираната Шкендија ќе се сретне со Силекс додека Воска Спорт е домаќин на Работнички.

Во последниот дуел од денешната програма Вардар игра против Тиквеш.

Сите натпревари почнуваат во 13 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе