Спорт Фудбал

Струга есенски шампион, Шкупи ја продолжи агонијата на АП Брера

Со натпреварите од 18. коло се заокружи првиот дел од Фудбалското првенство на Македонија.

По победата од 2:1 во дуелот против Брегалница, актуелниот првак Струга ја обезбеди есенската титула и на одмор заминува со еден бод предност во однос на Шкупи.

Струга потешко од очекувањата славеше над Штипјани, победничкиот гол го постигна во втората минута од судиското надополнување, а стрелец беше Басиру Компаоре.

Претходно Струга поведе со погодокот на интернационалецот од Буркина Фасо во 12. минута, а во 72. израмни Виктор Велковски.

Шкупи на гостувањето во Струмица ја совлада АП Брера со 1:0, голот беше дело на Кристијан Трапановски во 74. минута и со овој пораз продолжи агонијата на домашниот тим кој во последните четири кола освои само еден бод.

Третото место по првиот дел од првенството го освои Шкендија која денеска забележа победа од 3:1 во соочувањето со Силекс.

Тетовци поведоа преку Алмир Алиспахиќ во осмата минута. Десет минути подоцна Марко Ѓорѓиевски од пенал израмни на 1:1.

По 15 минути игра во вториот дел Алиспахиќ повторно се запиша меѓу стрелците, а конечните 3:1 ги постави Енур Тотре во третата минута од судиското надополнување.

Најмногу голови имаше во Охрид, каде Воска Спорт го совлада Работнички со 3:2.

Домаќинот со головите на Џемил Јахи и Алекса Марушиќ стигна до предност од 2:0, но потоа следуваа два погодоци на гостите од Скопје кои преку Аиме Ганду и Димитар Тодоровски стигнаа до израмнување.

Значајни бодови во трката за опстанок на Воска Спорт и донесе Сикиру Олатунбосун со голот што го постигна во 87. минута од натпреварот.

Фудбалерите на Вардар славеа против Тиквеш со 2:0 и ја забележаа втората победа во низа, која има дава надеж дека во трката за опстанок на крајот и ќе останат во елитата. Двата гола на натпреварот беа дело на Дарко Глишиќ во 23. и Давид Велковски во 87. минута.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе