Спорт Фудбал

Кјелини ја завршува кариерата

Поранешниот репрезентативец на Италија, кој во моментов го носи дресот на Лос Анџелес, Џорџо Кјелини најави дека постои голема веројатност да стави точка на богатата кариера.

По поразот во решавачкиот дуел за титулата во МЛС, тој изјави дека можеби ова бил и последен натпревар во кариерата која трае повеќе од две децении.

“Ова беше едно прекрасно патување. Реков и вчера дека еден од двата тима мора да биде поразен. Што се однесува до мене ова можеби и ми беше последен натпревар. Имам потреба да уживам со семејството, но конечната одлука ќе ја донесам по враќањето во татковината. Не сакам да донесам одлука па потоа да се премислам”, рече Кјелини.

Еден од најдобрите дефанзивни фудбалери кариерата ја почна во Ливорно по следуваше трансфер во Фиорентина, а од 2005 го носи дресот на Јувентус.

За Старата дама тој има одиграно преку 500 натпревари и за 17 години освои 20 трофеи.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе