Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Вардар со триумф најави поуспешна пролет

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната фудбалерите на Вардар го совладаа Тиквеш со 2:0 и го задржаа чекорот со конкуренцијата во битката за опстанок.

Дека за “црвено-црните” доаѓаат подобри денови се потврдува со фактот дека составот предводен од Александар Васоски во последните две рунди од овој дел на шампионатот забележа две победи и со овие шест бода остана во неизвесната трка за опстанок во елитното друштво.

Стрелци на головите беа Дарко Глишиќ со 23. и Давид Велковски во 87. минута.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе