Спорт Фудбал

Холандија, Белгија и Германија кандидати за СП 2027

Фудбалските асоцијации на Белгија, Германија и Холандија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Светскиот шампионат во женска конкуренција што ќе се одржи во 2027 година.

Покрај трите земји од Европа во конкуренција за домаќин на Мундијалот е Бразил

Рокот за поднесување кандидатура заврши денеска, а Мексико и САД покажаа интерес за организација но, не влегоа во конкуренција за потенцијални домаќини на првенството.

Меѓу кандидатите беше и Јужна Африка која пред еден месец ја повлече понудата со најава дека повторно ќе влезе во трката за шампионатот во 2031 година.

Конечната одлука за тоа кој ќе го организира Светското првенство во женска конкуренција во 2027 година, ФИФА ќе решава во јуни следната година.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе