Спорт Фудбал

Сантос испадна за прв пат по 111 години: Навивачите го запалија градот во револт (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Сантос за прв пат во својата 111-годишна историја испадна во Втората бразилска лига. Навивачите на легендарниот клуб за кој играа Пеле и Нејмар не го поднеса баш најдобро поразот и преселбата во Серија Б.

Сантос утринава загуби од Форталеца со 1-2 пред своите гледачи и го загуби прволигашкиот статус за прв пат откако клубот е формиран во 1912 година. Ова беше шок за навивачите, кои потоа за обидоа да влезат на теренот, но беа спречени од полицијата. Фудбалерите веднаш го напуштија теренот на стадионот „Вила Белмиро“.

Навивачите потоа излегоа на улиците на градот Сантос и направија големи нереди. Беа опожарени неколку возила и еден автобус. Сантос беше еден од трите бразилски клубови што никогаш не испаднале во понизок ранг заедно со Сао Пауло и Фламенго, но сега остануваат само два.


Оваа година шампионската титула оди во рацете на Палмеирас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе