Спорт Фудбал

Селтик сака да го ангажира Миовски

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс од раководството на клубот побарал во текот на јануарскиот преоден рок да се ангажира македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој веќе две сезони е еден од најдобрите играчи на Абердин.

Како потврда дека клубот од Глазгов, кој е лидер на табелата во првенството на Шкотска по секоја цена сака да го доведе Миовски во своите редови е фактот дека за предвремен раскин на договорот е подготвен да плати рекордни 4,4 милиони фунти.

Доколку сегашниот клуб на нашиот репрезентативец ја прифати понудата од Селтик тогаш трансферот би се реализирал уште на самиот почеток од јануарскиот преоден рок.

Медиумите пишуваат дека Миовски е првиот избор на Роџерс за засилување на нападот и дека менаџерот на Селтик инсистира токму тој да биде дел од неговиот тим.

Миовски треба да ја пополни празнината во тимот во првите два месеци од следната година кога поради обврски во националните тимови на Јапонија и Јужна Кореа на претстојниот Куп на Азија ќе отсуствуваат Кјого Фурухаши, Даизен Маеда и Ох Хјон Гју.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе