Вести Македонија Топ вести

И Судскиот совет утврди пропусти во конфискацијата на „Трансмет“ – извештајот испратен во Обвинителството

И Судскиот Совет утврди пропусти во конфискацијата на Трансмет. Советот одлучи да го испрати извештајот за судските постапки во неуспешната конфискација да го испрати во Обвинителството за да утврди дали има кривични дела во судските процеси. Иако државата требаше да заработи над 14 милиони со конфискацијата на Трансмет, имотот заработен со кривични дела се уште не е целосно обезбеден.

Пропусти во конфискацијата на Трансмет има, бидејќи таа не е извршена, но формата како е напишан извештајот од работната група беше спорен за некои членови на Судскиот Совет. Пропустите во судските постапки за конфискација на „Трансмет“ во случајот „Труст“ придонеле дел од имотот, кој бил стекнат со кривични дела, да се продаде пред да го преземе државата, утврдено е од работната група на Советот.

Најмногу пропусти имало во обвинителството и државното правобранителство, но судиите морале да постапат совесно и да ги пријават утврдените работи кога се сокривал и одземал конфискуваниот имот од државата, што било овозможено и со правосилни судски одлуки, оцени Мери Радевска.

Антоанета Димовска пак сметаше дека судиите не смее да се повикуваат на одговорност за туѓи пропусти и грешки во други институции. Бидејќи извештајот е од работна група која ги посети сите 4 суда низ кои минувале судските одлуки, беше утврдено дека не може да се повикуваат судии на одговорност.

Сите членови гласаа сложно, извештаите за пропустите во судските постапки од 4-те скопски судови да се испратат во Обвинителството за тоа да утврди дали има кривична одговорност за некој од учесниците во постапките за имотот на Трансмет.

Извештајот ќе биде испратен и во Државното Правобранителство за да го заштити имотот на државата добиен со конфискација. Иако државата требаше да заработи над 14 милиони со конфискацијата на Трансмет, имотот заработен со кривични дела се уште не е целосно обезбеден.

Слични наоди но со повеќе детали утврди и антикорупцискат акомисија која објави десетици фирми вмешани во земањето и криењето на конфискуваниот имот, а меѓу нив беа и Пуцко Петрол и поранешниот директор на Шпаркасе Банка Саша Боко. За случајот има и истрага во обвинителството, но засега нема информации што е откриено.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Трагедија во импровизирана џамија во неготинското село Црвени брегови-пронајдени починати три лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе