Вести Македонија

Македонија тагува по прерано згаснатиот детски живот, последни пораки од нејзините соученици во книгата на жалост

Се потпишав во книгата, ама цвеќе немав и затоа бев да купам. Напишав да почива во мир. Вакво нешто може никогаш повеќе нема да се случи. Учителките ги учат децата да сакаат со љубов, ама не ги научија дека има и монструми и нелуѓе, вели баба на една од другарките на Вања.

Со солзи во очите и цвеќиња во рацете учениците, нивните родители и дел од граѓаните отидоа во основното училиште Песталоци да запалат свеќа за Вања.

Редици луѓе чекаа пред училишната врата каде имаше маса со книга на жалост, а во неа тие ја пишуваа последната порака за убиената тинејџерка.

Оние кои беа таму велат дека се многу вознемирени, дека не паметат таков случај досега и се исплашени за животот на нивните блиски. Бараат најстрога казна за сторителите.

„Вчера кога ги приведуваа осомничените се обратија кон еден со господине. Не знам како може да биде господин, не знам дали е човек или кој збор воопшто да го употребам за лицата кои го извршиле тоа. Што згрешила таа на своите 14 години. Да се свестиме ние возрасните како си ги воспитуваме децата и што правиме со нив. Треба да се разговара со децата дома, а ние да си го ставиме прстот на чело што ние правиме во однос на нив и нивната безбедност“, вели мајка на едно од децата во училиштата.

„Да живеат мирно младите. Зошто се одмаздуваат на младите? Ако има некој од родителите со кој треба да се пресметаат-нека се пресметаат. Зошто децата не ги оставаат. Порано децата растеле на улица, а сега дете не можеш да пуштиш од куќа“, вели вознемирена граѓанка.

Веднаш до училиштето на Вања е куќата на првоосмничениот за ликвидација на тинејџерката. Тој е во бегство надвор од Македонија, додека илјадници луѓе тажат по неговата малолетна жртва.

Вања исчезна минатиот понеделник, по една недела потрага полицијата ја најде застрелана, оваа 14-годишна ученичка во Песталоци.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемено нивото на браната Калиманци- Оризопроизводителите се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени

Дејан Дејан

Мицотакис: Отстапувањето од Преспанскиот договорот ќе има последици на европскиот пат на Северна Македонија

Дејан Дејан

Во Србија уапес човек од Сомбор поради закани кон Вучиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе