Вести Економија Македонија Топ вести

ЕСМ му понуди на ЕВН ХОУМ 57 евра за мегават час над 7 отсто повисока од сегашната- Ќе скокне ли цената на струјата по јануари

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2024 доби само една понуда, и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 57 евра за мегаватчас, за покривање на 95% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 7,5% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 53 евра за мегаватчас.

Дополнително, за покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби најповолна понуда од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 120,01 евра за мегаватчас. Освен АД ЕСМ, на тендерот учествуваше и Соле24 ДООЕЛ.

За покривање на загубите на електрична енергија, Електродистрибуција доби најповолна понуда од АД ЕСМ, и тоа по цена од 105 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 100 евра за мегаватчас.

Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Новата цена на струјата треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од јануари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе