Вести Економија Топ вести

Бислимовски: Издвојувањето на трошоците за електрична енергија и мрежарина се дел од обврските од договорот за основање на енергетска заедница

Промената е усогласување на нашето законодавство со европското. Во голем број земји членки на Европската Унија не постои универзален снабдувач, домаќинствата едноставно си купуваат енергија на слободниот пазар, во оние земји каде постои универзален снабдувач, тој ја купува електричната енергија и во цената вкалкулира други трошоци кои што го има, изјави првиот човек на Регуларната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Регулаторот во регионот определува цени во Србија и Косово и досега кај нас. Доколку имаме забелешки во однос на примената, има одредени елементи со кои што знаеме да влијаеме врз цената за да зачуваме ценовна стабилност. Тоа е факторот на корекција, право кое што секогаш ќе го имаме и ќе го користиме за да избегнуваме било какви ценовни шокови“, порача Бислимовски.

Тој ги посочи и трошоците на универзалниот снабдувач.

„Во суштина, тој има трошок да набави електрична енергија. Таа електрична енергија се набавува на тендер на кој може да се јават сите трговци во државата. Потоа има трошоци за балансирање, има трошок за маржа, има трошок за маркет оператор, а универзалниот снабдувач има трошок и за закупување на мрежните активности, односно да закупи доволен преносен и дистрибутивен капацитет за електричната енергија за малите потрошувачи и за домаќинствата“, вели Бислимовски.

Во делот на реформите, посочи првиот човек на РКЕ, пред две години ги издвоиле што е снабдување, а што се мрежни активности.

„Потрошувачите добиваат издвоено што е трошок за електрична енергија, вклучувајќи ја и маржата и останатите, а што е трошок за мрежарина. Со тоа исполнивме голем дел од обврските кои што како држава ни произлегуваат од договорот за основање на енергетската заедница“, истакна Бислимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе