Спорт Формула 1

Ферстапен ја освои премиерната трка во Лас Вегас во Ф1

Првата исторска трка во Лас Вегас во Формула 1 донесе интересна и возбудлива трка, но на крајот победникот беше истиот како и речиси цела сезона, Макс Ферстапен.

Трикратниот светски шампион во болидот на Ред Бул се врати од казна од пет секунди и откако падна на петтото место. Холанѓанецот прв ја мина целта низ улиците на Лас Вегас за 18-та сезонска победа. Зад него финишираше освојувачот на пол-позицијата Шарл Леклер од Ферари, додека трет беше Серхио Перез од Ред Бул.

Естебан Окон од Алпин го освои одличното четврто место, зад него беше Ленс Строл од Астон Мартин, потоа следуваше пилотот на Ферари, Карлос Сајнц и двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Последните поени ги освоија Фернандо Алонсо и Оскар Пиастри.

Последната сезонска трка се вози за Големата награда на Абу Даби веќе следниот викенд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе