Кошарка Спорт

Магија на Лука Дончиќ, победи и за Денвер и Голден Стејт

Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа од 125-120 против Бруклин во рамки на НБА-лигата. Словенецот одигра неверојатен натпревар и повторно го реши победникот со фантастични поени во финишот. На крајот на своето конто имаше 49 поени, од кои девет тројки, а запиша и 10 скока и 7 асистенции. Камерон Томас со 30 поени најмногу се истакна кај Нетс.

Никола Јокиќ и Џамал Мареј со по 22 поени  го однесоа шампионот Денвер до победа од 108-104 на гостувањето кај Мемфис. Голден Стејт го победи Сакраменто како гостин во дербито на Калифорнија со 122-114. Стеф Кари имаше одличен натпревар и постигна 41 поен за Вориорс, додека кај Кингс Деарон Фокс реализираше 39 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Детроит 99-111
Атланта – Њујорк 120-126
Бостон – Мајами 119-111
Кливленд – Оклахома 105-108
Чикаго – Торонто 104-103 (пп)
Сан Антонио – Хјустон 126-122 (пп)
Јута – ЛА Клиперс 120-118
Портланд – Орландо 97-102

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе