Кошарка Спорт

Суперкуп 2023: МЗТ Скопје и Феникс ја најавуваат новата сезона

Денеска во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се одигра кошаркарскиот Суперкуп во машка и женска конкуренција. Со овој натпревар се одбројува до почетокот на новата сезона, што стартува идниот викенд.

МЗТ Скопје против Феникс ќе атакува на третата титула по ред во кошаркарскиот Суперкуп, а вкупно шестата во историјата. Овие две екипи лани играа во финалето на Купот, кога славеа „металците“. Токму поради тоа Феникс се избори за настап во Суперкупот, бидејќи лани стигна до најголемиот успех во својата историја, а сега ќе има шанса да го освои и првиот трофеј.

Фаворит сигурно е актуелниот шампион, но во ростерот на тренерот Васко Атанасов има доста промени во играчкиот кадар, поточно во делот на странските засилувања. Домашното јадро и натаму го сочинуваат браќата Стојановски, потоа Бојан Крстевски и Дамјан Робев.

Кај Феникс сериозен проблем е повредата на младиот Андреј Митревски, кој е и капитен на тимот. Тој се повреди за време на настапот за репрезентацијата до 20 години ова лето и не е целосно подготвен за вечеррашниот натпревар од 19.30 часот.

Кошаркарската федерација на Македонија објави дека влезеот за Суперкупот е бесплатен за сите љубители на кошарката.

Во 17 часот ќе се одигра и Суперкупот во женска категорија помеѓу екипите на шампионот Баскет Кам и победникот во Купот, МЗТ Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе