Спорт Формула 1

Ферстапен доминантно до пол-позицијата во Јапонија

По разочарувачкиот викенд во Сингапур, Макс Ферстапен и Ред Бул повторно ја покажаа својата доминација. Холанѓанецот убедливо беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот светски шампион до својата деветта пол-позиција сезонава дојде откако на патеката „Сузука“ утринава извозе најбрз круг со време од 1:28,877 минути. Зад него со половина секунда заостанување ќе тргне Оскар Пиастри од Мекларен, додека трето време имаше тимскиот колега Ландо Норис.

Шарл Леклер од Ферари имаше четврто најдобро време во квалификациите, а потоа следуваат Серхио Перез, Карлос Сајнц, па двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Најдобрите десет ги комплетираат Јуки Цунода и Фернандо Алонсо.

Трката за Големата награда на Јапонија утре е закажана со почеток во 7 часот наутро по средноевропско време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе