Спорт Фудбал

Првиот човек на шпанскиот фудбал конечно поднесе оставка

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес конечно подлегна под силниот притисок и си поднесе оставка од функцијата по големиот скандал што го предизвика по победата на Шпанија на Светското првенство за фудбалерки.

Рубиалес беше цел на силни критики од јавноста во Шпанија, но и целиот спортски свет откако за време на доделувањето на медалите ја бакна во уста Џени Ермосо. Фудбалерката потоа изјави дека бакнежот не со нејзина дозвола. Првиот човек на шпанскиот фудбал го тврдеше спротивното, а уште една црна дамка во неговото однесување беше кога по последниот свиреж на судијата во финалето славеше во свечената ложа фаќајќи се за меѓуножјето и тоа во присуство на шпанското кралско семејство.

ФИФА експресно го суспендираше на 90 денови, а по огромниот притисок од фудбалските клубови, играчите, политичарите и целата јавност во Шпанија, Рубиалес конечно се повлече.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе