Ракомет Спорт

ЕХФ го казни Драган Начевски со двегодишна суспензија и 5.000 евра

Драган Начевски, кој долги години беше на чело на Судиската организација на ЕХФ, од денеска и официјално е суспендиран на две години, а ќе мора да плати и парична казна. Оваа одлука доаѓа по неколку месечна истрага покрената поради наводните докази за корупција што ги објави данската телевизија ТВ2.

Начевски нема да може да има функција во ниту едно тело на ЕХФ ниту пак да биде дел од било какви активности на оваа организација и ќе мора да плати 5.000 евра казна. Сето ова доаѓа по местенката што ја организираше данската телевизија ТВ2. Најмен актер го поканил Начевски во хотелска соба во Шведска за време на Светското првенство. Тој се обидува да го навлече Македонецот во местење на ракометни натпревари, но нашиот функционер веднаш одбива.

Тоа сепак беше доволно за челниците на ЕХФ да го суспендираат Начевски. Случајот е поделен на два дела, а оваа одлука се однесува само на фактот дека тој не го пријавил обидот да биде поткупен или да учествува во местење на натпревари. Останатите правни процедури и истраги во однос на немањето интегритет и  обложување и натаму се во тек, велат од европската ракометна централа.

Нашиот функционер има седум дена да се жали на оваа одлука на ЕХФ.  Начевски своевремено важеше за еден од најдобрите светски судии, па по завршувањето на кариерата долги години беше дел од високите раководни структури на европската и светската ракометна федерација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе