Вести Економија

Еуросупер БС-95 од полноќ еден денар поскап, дизелот за исто толку – поефтин

д вечерва на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за еден денар, а еуросупер БС-98 ќе поскапи 1,5 денари, додека цената на дизелот се намалува за 1 денар, а екстра лесното масло за половина денар за литар. Пад на цената има и кај мазутот за 0,567 денари за килограм.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 90,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 46,025 (денари/килограм)

Со оваа одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на досегашните цени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 25.6.2026

meteo

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Црвен аларм за екстремна топлина во В. Британија – затворени училишта редуциран возни линии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе