Вести Економија Македонија

Новоформираните фирми за парно греење меѓу првите 10 должници на листата на финансии

Две од трите  фирми  кои го обезбедуваат парното греење во Скопје, со натрупани долгови. Според последниот извештај на финансии заклучно со јуни, ЕСМ Дистрибуција на топлина наталожи неплатени обврски кон доверителите од 27, 7 милиони евра. Со оваа бројка фирмата го зазеде третото место на листста на државни должници и дојде во друштвото на претпријатија кои постојано се на списокот. На врвот на должничката листа на финансии е МЖ Транспорт, а на втор место МЖ Инфрастуктура.

Втората фирма за парно греење  која се најде на листата на должници е ЕСМ Снабдување.  Заклучно со јуни оваа компанија наталожила дол од 13, 5 милиони евра, и се најде на шестото место на списокот.

ЕСМ Производство пак е на нула, нема ниту доспеани ниту ненаплатени обврски кон доверители.

Овие три фирми беа формирани за да може 60 илјади домаќинства да имаат парно греење..

И додека дел од фирмите за топлинска енергија се со натрупани долгови, граѓаните ја чекаат новата цена на парното греење. Одлуката требаше да се донесе до крајот на јули. Но, поради тоа што РКЕ овој пат доби досега најкомплицирани барања, реши да ја одлужи. Потешкотии се јавија затоа што  имаше промена во компанијата за топлинска енергија. Но, има и долгови меѓу фирмите и владата кои треба да се порамнат. Дали и за колку би поскапело парното греење, ќе се знае во септември.

Според пресметките во РКЕ, фирмите ЕСМ Дистрибуција и Снабдување кои се со натрупани долгови, бараат зголемување на цената од над 50 отсто, а ЕСМ производство намалување од 29  проценти.

До лани Скопјани беа снабдувани со парно од БЕГ. Но, поради проблеми, предизвикани од енергетската криза, компанијата ги загуби  трите лиценци. Веднаш потоа снабдувањето со топлинска енергија беше предадено на државната ЕСМ. За да може да менаџира и со греењето  ги формираше трите  фирми, за снабдување, дистрибуција и производство на топлина. Граѓаните склучуваа и нови договори со новиот снабдувач.

Новата грејна сезона почнува на 15 октомври.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе