Вести Македонија

Петровска ќе бара дозвола од Општина Желино за поставување спомен-обележје на загинатите бранители кај Карпалак

И на 22-годишнината, пред малата спомен плоча поставена на банкината од автопатот Тетово – Скопје, им беше оддадена почит на десетте бранители од прилепско кои беа убиени во заседа кај Карпалак, во 2001 година. Претставници на државниот врв, политички партии, семејствата и здруженија положија свежо цвеќе, свештените лица отслужија панихида.

Како и во годините наназад и денес бранителите побараа достојно обележје, а се пожалија и дека немаат никакви права.

„ Баравме, бараме и дури сме уште ќе бараме да се направи едно спомен обележје, да се знае дека овие луѓе погинаа за државата не погинале за некој личен интерес. Тешко на државата што се гордее со мртви херои, што со живите херои кои не можат да преживеат во држава кој никој не почитува. Немаме никакви права“, изјави Јордан Трајковски,  Здружение на резервни воени обврзници – Прилеп

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, одговори дека треба да се изгради достојно спомен обележје на ова место, за што ќе побара дозвола од Општина Желино.

„Овие луѓе го дадоа најскапоценото, својот живот за нашата татковина. Лично сметам дека заслужуваат достојно спомен обележје, со кој, нема да ги вратиме назад, но ќе имаме место каде достојно ќе даваме почит. Денес до Општина Желино, која е надлежна општина, ќе испратам повторно барање, како што го направив за Вејце, да биде дозволено овде да се изгради достоен споменик. Министерството за одбрана е подготвено тоа да го направи“, изјави Славјанка Петровска, министерка за одбрана

Инаку годишнатата од масакрот кај Карпалак се одбележа и во родното место на убиените бранители. Делегација на Собранието положи свежо цвеќе пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руско МО: Украина утрината употребила шест ракети АТАКМС за напад врз аеродромот во Таганрог

Дејан Дејан

Макрон бара поширок политички договор за да именува нов премиер

Дејан Дејан

Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Жежовски е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе