Кошарка Спорт

Робев: Целта е да сме рамноправни со сите противници

Македонската машка кошаркарска репрезентација влегува во втората недела од подготовките за настап на претквалификациите за пласман на Олимписките игри.

Нашата селекција е дел од групата во која противници ни се домаќинот Естонија, Израел и Чешка и избраниците на селекторот Александар Јончевски ветуваат дека и со вака ослабен состав може да им се спротивстават на фаворизираните противници.

“Сите што сме тука сме дојдени да го дадеме својот максимум. А на максимален ефект ќе одиме и на турнирот во Талин. Факт е дека имаме доста ослабен тим, дека многу играчи се повредени. Но се надевам дека ќе се прикажеме во едно добро издание и дека ќе дадеме се од себе. Ние сме заедно подолго време, две-три години во оваа екипа. Добро се познаваме, доволно за да се воиграме, но сепак периодот за тоа е доста краток. Особено по еден двомесечен период на пауза од крајот на ланската сезона, малку е потешко да влезеш во ритам. Но мислам дека ќе бидеме добри. Дека ќе прикажеме добри игри”, изјави членот на националниот тим, Дамјан Робев.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе