Вести Македонија

Шефот на Вишото јавно обвинителство поднел кривични пријави за двајца обвинители по тврдењата на сопственикот на „ДоказМ“ дека му давале информации од ОЈО

Шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи рече дека иницирал дисциплински постапки и поднел информација во форма на кривична пријава против двајца обвинители, по тврдењата изнесени во порталот „ДоказМ“ дека двајца обвинители соработувале со сопственикот во пишувањево изјава за ТВ Канал 5, вели дека по тврдењата на сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски, за наводна инволвираност на обвинители во неговите текстови, поднел дисциплински и информација во форма на кривични пријави против двајца негови колеги-обвинители.

Хајрулахи рече дека веднаш по изнесените тврдења од страна на сопственикот на порталот, Марјан Стаменковски, побарал писмена информација од Основното јавно обвинителство, кое води предистражна постапка за финансиите на Стамековски а вештачењето на неговите запленети телефони и компјутери е веќе завршено.

Од информацијата која ја добив од страна на јавниот обвинител, после неколку дена поднесов предлог за дисциплинска одговорност против двајцата обвинители до Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавни обвинители, а истовремено, со поднесената иницијатива до Комисијата, поднесов и известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, се со цел да определи друго Основно јавно обвинителство, надвор од надлежноста на ВЈО, рече Хајрулахи.

За едниот јавен обвинител поднесол пријава за можна злоупотреба на службена положба и овластување, како и можна злоупотреба на лични податоци. За вториот обвинител поднесол кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе