Спорт Тенис

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир во Јаши

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски е на чекор го пласман на главниот турнир од АТП челенџер серијата што се одржува во романскиот град Јаши.

Ивановски во првото квалификациско коло триумфираше над Брендон Вокин од Австралија совладувајќи го со 6:2 и 6:2 во меч што траеше еден час и 24 минути.

За влез на главниот турнир Ивановски ќе се соочи со домашниот тенисер Дан Александру Томеску кој забележа победа од 6:4 и 6:2 во дуелот против Иља Снитари од Молдавија.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе