Спорт Тенис

Дождот повторно прави проблеми во Вимблдон

На шестиот ден од третиот Гренд слем во сезоната што се одржува на терените на Ол Ингланд клубот во Вимблдон дождот повторно им прави огромни проблеми на организаторите.

До овој момент завршени се само два меча во женска конкуренција во кои Беатриз Хадад Маја од Бразил во два сета со 6:2 и 6:2 триумфираше над Сорана Кристеа додека Екатерина Александрова исто така со 2:0 по сетови 6:0 и 6:4 славеше над Унгарката, Далма Галфи.

Мечеви во моментов се играат само на централниот и теренот број 1 каде Данил Медведев води жестока битка со Мартон Фусович додека Карлос Алкараз за противник го има Николас Хари од Чиле.

Кај дамите прекинат е мечот меѓу Петра Квитова и Наталија Стевановиќ во кој чешката тенисерка води по првиот сет, а во вториот србинката има предност од 5:4.

На нашкиот дел од турнирот соочувањето меѓу Јиржи Лехечка и Томи Пол е прекинато при водство на Чехот од 2:0 додека Кристофер Јубенкс и Кристофер О’Конел одиграа само два гема.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе