Спорт Тенис

Ѓоковиќ одбраната на титулата ја почнува со Аргентинец

Познати се двојките за првото коло од третиот Гренд слем во сезоната што ќе се одигра на терените на Ол Ингланд клубот во Вимблдон.

Актуелниот шампион и втор носител на турнирот Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе се соочи со Аргентинецот, Педро Качин.

Фаворитот број 1, Карлос Алкараз за противник го доби Жереми Шарди од Франција, а голем интерес ќе предизвика мечот во кој носителот број 5, Стефанос Циципас ќе се сретне со Доминик Тим кој пред повредата и отсуството од терените беше меѓу тројцата најдобри тенисери на светот, а во моментов се наоѓа на 90. место на АТП листата.

Третиот носител Данил Медведев во првата рунда за противник го има Британецот, Артур Фери кој има специјална покана од организаторот додека четврто рангираниот играч, Каспер Руд на стартот ќе игра против Лоран Локоли од Франција, кој место на главниот турнир обезбеди преку квалификациите.

Носителот број 6, Холгер Руне во првото коло ќе игра против Џорџ Лофхаген од Велика Британија, а а седмиот тенисер на светот Андреј Рубљов ќе се сретне со Макс Пурсел од Австралија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе