Претпладне сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. UV=7
Во Скопје претпладне претежно сончево, а попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, во делови од котлината и во вид на краткотрајно невреме.
Минимална температура (во °C)
12 Берово, Лазарополе, 14 Крива Паланка, Маврови Анови, 15 Битола, 16 Скопје-Петровец, Струмица, Попова Шапка, Претор, 17 Прилеп, Демир Капија, Тетово, Виница, Крушево, Велес, Охрид, Штип, 18 Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Дебар, 19 Скопје-Зајчев Рид.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
18 Крива Паланка, 3 Виница.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
