Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
8 Попова Шапка, 9 Лазарополе, 11 Маврови Анови, Крушево, 12 Берово, Претор, 13 Крива Паланка, Охрид, 14 Прилеп, Виница, 15 Тетово, Дебар, Битола, 16 Велес, Кавадарци, Куманово, Дојран, Струмица, Штип, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 17 Скопје-Петровец.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
52 Прилеп, 37 Ѓуриште 31 Крушево, 18 Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 12 Берово, 10 Куманово, Тетово, Пожаране, 8 Дебар, Маврови Анови, 6 Скопје-Петровец, Виница, 5 Штип, Д. Капија, Скопје – Зајчев Рид, Охрид, 4 Претор, 1 Дојран, Битола, Струмица.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
