Кошарка Спорт

МЗТ бара втора победа, Пелистер сонува за брејк во финалето на плеј-офот

МЗТ Скопје вечерва од 19 часот го пречекува Пелистер во вториот натпревар од финалето во Првата кошаркарска лига на Македонија. Првата средба актуелниот шампион ја доби убедливо, па сега се надева на повторување на истото сценарио.

Пелистер беше надигран со 84-64 на првата средба во неделата во „Јане Сандански“ во Скопје, па сега избраниците на тренерот Марјан Илиевски ќе сакаат да го подобрат впечатокот.

„Металците“ се во серија од пет победи по ред против ривалот од Битола тука вклучувајќи ги трите натпревари сезонава и двата од ланската финална серија.

„Пред нас е исклучително важен меч за двете екипи. Со победа ќе дојдеме на чекор до посакуваната цел, поради што ќе сториме сѐ за да ја повториме играта од неделната пресметка, која убедливо ја добивме“, изјави Војдан Стојановски.

Триумф вечерва ќе го однесе МЗТ многу близу до шампионската титула број 10, но Пелистер секако се надева на брејк во Скопје, бидејќи следните две средби ги игра на домашен паркет. За потсетување, доколку е потребна мајсторка или петти натревар, тој се игра во Скопје, бидејќи МЗТ беше првопласиран на табелата во регуларниот дел од сезоната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе