Спорт Фудбал

Чија победничка серија во европските финалиња ќе заврши вечерва – на Севилја или на Мурињо?

Вечерва се игра првото од трите европски финалиња во клупскиот фудбал. Севилја се соочува со Рома во мечот за титулата во Лигата на Европа на УЕФА со почеток од 21 часот на „Пушкаш арената“ во Будимпешта.

Севилја е специјалист за Лигата на Европа, трофеј што го има освоено четири пати  и два пати додека натпреварувањето се викаше УЕФА Куп. Андалузијците немаат загубено финале во вториот по ранг европски Куп, а на спротивната страна ја имаат Рома, која е предводена од Жозе Мурињо.

Португалецот пак е тренер, кој досега нема пораз во својата кариера во Европско финале. Лани со „волчицата“ стигна до трофејот во Конференциската лига, што беше прв европски трофеј за италијанскиот тим. Претходно ја освои Лигата на Европа со Манчестер јунајтед, со Интер триумфираше во Лигата на шампиони, а со Порто во УЕФА Купот и Лигата на шампиони.

Една победничка серија вечерва ќе заврши, тоа е сигурно.

Што се однесува до формата на двата тима, Севилја игра препородено откако Жозе Луис Мендилибар седна на клупата и стана третиот тренер сезонава. Анадалузијците имаа слаба кампања во Ла Лига и долго беа на дното и испаднаа од Лигата на шампиони по што продолжија во лигата на европа. Под водство на Мендилибар, тимот дојде до средината на табелата во Ла Лига и до финалето во Лигата на Европа.

Рома во Серија А до пред неколку недели беше во игра за ТОП 4, но очигледно фокусот на Мурињо се смени, а тоа е Лигата на Европа. Португалецот сите сили ги насочи кон ова натпреварување, преку кое може да обезбеди пласман во Лигата на шампиони доколку го крене пехарот вечерва.

Најголемото прашање за вечерва е дали Пауло Дибала ќе биде подготвен за настап, бидејќи извесен период беше повреден. Играта на Аргентинецот е клучна за Мурињо, кој на располагање го нема само Мараш Кумбула, кој е повреден. На спротивната страна Мендилибар не може да смета само на левиот бек Маркос Акуња, кој доби црвен картон во полуфиналето против Јувентус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе