Вести Македонија Најважни

Барлет Џафери од 1 јуни ќе истражува криминал – Советот на обвинители не можел да истражува дали дипломата со која полагал праовосуден му е спорна

Дипломирал 2009-та а положил правосуден во 2015-тата година. Ова е дел од официјалната биографија на Барлет Џафери, синот на собранискиот спикер, со која денеска беше избран за обвинител во гостиварското основно обвинителство. Степенот на дилпомата е 7/1.

За наводите на Антикорупциска која обелодени дека полагал правосуден предвреме, односно со несоодветна диплома, претседателот на Советот на јавни обвинители Јолевски вели дека тие не се адресата што може да испита дали дипломата била спорна.

Првиот човек на Советот е запознаен дека 3 генерации студенти по 2005-та за време на преминот кон бољонскиот систем, добивале дипломи со завршен ист степен на образование како младиот Џафери и тие со завршени 3 и тие со завршени 4 години високо образование, но смета дека други институции требало тоа да го проверат и исправат

Целосната документација што е потребна за кај нас ја има и е важечка, ние не можеме да се впуштаме во тој дел, не е наша надлежност. Оние институции кои треба да се грижат, би требало да интервенираат доколку сметале дека нешто не е во ред. Министерството за образование, Министерство за правда, кога полагале правосуден испит, ниту еден досега нема поведено постапка, ниту, колку што знам, ДКСК го има затворено предметот како предмет“ изјави Јолевски

Кога и каде бил на пракса пред да полага правосуден испит, советот не добил информација затоа што таа потврда кандидатот бил должен да ја однесе во министерство за правда како услов за да може да полага правосуден, објаснува Јолевски.

Младиот Џафери беше еден од шестмината кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители кои се пријавиле за трите слободни места во ова обвинителство.

Членовите на советот одлучија да ги изберат првите тројца кандидати меѓу кои на второ место беше Џафери.

Во ова обвинителство избран беше и Илир Јакупи, зет за ќерка на членот на советот Иџет Мемети кој на оваа точка се иззема и излезе од салата. Критериумот по кој ги избраа беше тоа што претходно работеле во ова обвинителство, како приправници или стручни соработници.

Меѓу познатите имиња на завршени академци кои денеска беа избани се и сопругата на шефот на обвинителството за организиран криминал, Албулена Абази.

Таа беше една од двете кандидатки кои се пријавиле за три слободни места во кичевското обвинителство. Обвинител во тетовското обвинителство ќе биде синот на судијата Енвер Беџети од скопска апелација за кого судски совет утврди дека непоравдано долго го држел предметот Таргет Тврдина.

За ова обвинителство имаше тројца пријавени академци за 6 места. Во велешкото обвинителство конкуренцијат беше поголема, 5 кандидати за 1 место.

Избрана беше првата на список Александра Станковска затоа што била од Велес, но и затоа што била најдобра.

На денешниот избор беше избран по 1 обвинител за две досега празни обвинителства – во Делчево и во Свети Николе.

Празно остана Јавното обвинителство во Крива Паланка.  Со по еден обвинител остана Гевгелија, Делчево и Ресен. Распишавме оглас, никој не се јавува, рече Јолевски

Денеска Советот избра 18 обвинители од последната генерација академци. Почнуваат да истражуваат криминал од 1 јуни.

Останатите 10 мина ќе се бираат во наредниот период.

Во првиот бран огласи не беше скопското обвинителство поради големиот интерес на кандидатите.

Во продолжение сите 18 избрани обвинители на денешната седница на Советот на јавни обвинители

ОЈО Битола –  Борче Коруновски и Марија Чурлиновска, ОЈО Велес – Александра Станковска, ОЈО Гостивар – Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска, ОЈО Дебар – Анита Граждани Пачуку, ОЈО Делчево – Сузана Бошнаковска, ОЈО Кичево – Албулена Абази и Емрах Михтароски, ОЈО Куманово – Самир Акифи, ОЈО Охрид – Кристина Илиеска Атанасова, ОЈО Прилеп – Стевчо Биновски, ОЈО Свети Николе – Дарко Цветановски, ОЈО Струга – Ермира Муса-Нура и ОЈО Тетово – Илир Абдурахмани, Нина Димитриеска и  Јетмир Беџети.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе