Милан е во напредни преговори со Челси за трансферот на Рубен Лофтус-Чик. Англичанецот сака нов предизвик со оглед на лимитираната минутажа во дресот на „сините“. Фудбалерот од средниот ред сака да дојде на „Сан Сиро“, каде би играл со својот поранешен соиграч Фикајо Томори.
Неговиот актуелен договор со Челси истекува во јуни 2024 година, а премиерлигашот е подготвен да се раздели со фудбалерот за обештетување од околу 25 милиони евра.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
