Вести Временска прогноза

Претежно сончево и потопло – Временска прогноза за 13.5.2023

Во сабота со сончево и потопло време со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и во северните планински региони ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11°C, а максималната од 18 до 23°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

2 Попова Шапка, 4 Лазарополе, 5 Маврови Анови, 6 Крушево, 7 Дебар, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Битола, Прилеп, Крива Паланка, 10 Тетово, Виница, 11 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Струмица, Штип, Дојран, 12 Гевгелија, Демир Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

8 Попова Шапка, 6 Пожаране, 5 Претор, Крушево, 4 Маврови Анови, Охрид, 2 Лазарополе, Прилеп, Битола, Тополчани, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица, Дојран, Гевгелија.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Арагчи: Договорот со САД за завршување на војната никогаш не бил поблиску

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе