Вести Економија Македонија

Адвокатот близок на Заев, по ДИК и Царина се сели како директор на Телеком со неколку илјади евра висока плата

Владата го предложи адвокатот Игор Милев за нов владин претставник во Одборот на директори на Телеком. Тој на позицијата во Телеком доаѓа откако претходниот владин претставник Зоран Китанов си даде оставка од позицијата, а истовремено Китанов беше и претседател на Одборот на директори.

Милев последната државна функција ја вршеше во Царината каде беше советник на генералниот директор (во кабинет на последните тројца директори). Оваа функција ја напушти со оставка во февруари 2023-та.

Милев бил и член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ, а бил и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш од каде потекнува.

Од друга страна, Милев беше познат и во партиските структури на СДСМ и по близината со претходниот лидер на партијата Зоран Заев. Во 2013-та, Милев беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш и изгуби.

На судењата против Заев во случаите „Пуч“ и „Поткуп“, Милев беше секогаш во судницата заедно со адвокатскиот тим на обвинетиот. Милев по предлог на СДСМ беше избран за член на Државната изборна комисија.

Откако му заврши мандатот, по откривањето на големите хонорари кои членовите на ДИК си ги доделувале, Милев стана советник во кабинет на директорот на Царината Ѓоко Танасковски. Се задржа на истата позиција и во кабинетите на директорите Горан Сугарески и Славица Кутиров.

При секоја смена, името на Милев се вртеше во кругот на главни кандидати за директорската позиција во Царината, но никогаш не беше назначен на таа позиција. Во февруари си поднесе оставка во Царината, а владата сега го предлага за директор во Телеком.

Сопругата на Игор Милев, Тања Милева е апелациона судијка во Скопје, а беше дел од кривичните совети кои ги поништуваа првостепените пресуди за Сашо Мијалков. За „Тврдина таргет“ имаше информации дека Милева имала издвоено мислење против поништување на пресудата.

Досегашниот претставник на владата во Телеком, Зоран Китанов поднел оставка на позицијата. Не е наведена причината. Китанов беше претходно директор на Јавното претпријатие за државни патишта, но беше сменет со Ејуп Рустеми, пред да почнат преговорите со „Бехтел&Eнка“ за коридорите.

И Китанов беше близок со поранешниот премиер Зоран Заев, а пред да дојде на државна функција извршуваше локална функција во општина Струмица додека градоначалник беше Заев.

Смената во Телеком треба да се „завери“ на собранието на акционери на компанијата што треба да се одржи на 30-ти мај.

Месечната плата на Китанов, според ВМРО-ДПМНЕ, изнесуваше 6.200 евра. Милев покрај позицијата во Телеком треба да ја наследи и платата.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе