Вести Економија

ИТ системот за безбедност во УЈП е застарен, податоците не можат навремено да се обработат, утврдиле ревизорите

Информацискиот систем на УЈП за управување со јавните давачки, не обезбедува целосно ефикасно и одржливо управување со процесот за администрирање со јавните давачки.

Дополнително, упатства за ИТ-безбедност на УЈП се застарени, а отсуствува и следење на нивната примена и имплементација. Ова го констатира Државниот завод за ревизија во извештајот за ефективноста на информацискиот систем на УЈП, поради што препорачува преземање на мерки и активности за модернизација на системот. Ревизорот утврдил дека податоците за даночните обврзници не се во една база на податоци, туку се дистрибуирани во неколку  што доведува до ненавремена обработка на податоци и генерирање на соодветни информации за носење на соодветни одлуки. Во извештајот се наведува дека основната база на податоци на УЈП е изработена на платформа од постара генерација за која нема одржување ниту можност за надградби и поврзување со останатите бази во реално време. Дополнително податоците за даночните обврзници не може да се генерираат преку единствен систем, а ажурирањето на податоците не може да се прави без дополнителна активност на вработените на ИТ-секторот, чиј број не е доволен за  нормално функционирање на ИТ-системот. Ревизорот констатирал и дека УЈП не обезбедила резервна локација со минимални просторни и технички предуслови за продолжување со работа во услови по катастрофа ниту има предвидено активности во вакви случаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе