Вести Економија

15,5 милиони евра годишно ќе чинат покачувањата на платите на функционерите

Прв меѓу вицепремиерите, но последен за исплата според висината на платата меѓу колегите функционери. Артан Груби одново се пожали на примањата иако од овој месец, за него скромните 70.000 денари скокнаа за 78 отсто, или без малку 2.000 евра.

Првиот викенд од месецот избраните и именуваните функционери ќе однесат дома повисоки плати и до 58.000 денари. За 1.600 од нив државниот буџет само за овој месец ќе се олесни за 80 милиони денари, а дополнително и општините исплатија повисоки плати на своите градоначалници.

Новите плати освен што се повисоки, исплатени се од засега непознати ставки во буџетот. Чуварот на државното чекмеџе, најави кратање, но што ќе отпанде од релазиција во 2023 допрва ќе соопшти.

Дел од функционерите, пак, не се согласуваат со бланко покачувањето. Мора да се мери сработеното со месечниот надоместок.

Владата иако најави засега не успеа да понуди системско решение. Енормното зголемување го правда со закон и со одлуката на Уставниот суд кој пак,  укина член од 2011-та година.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

6 милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан- Македонија би можела да добие 900 милиони или милијарда

Дејан Дејан

Боро Марлборо веќе осуден, а им скрои капа на врховен судија и член на Советот на јавни обвинители

Уверенија за 118 пратеници, за 2 пратенички места ќе се прегласува утре

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе