Кошарка Спорт

Грција против САД во првиот круг од кошаркарскиот Мундијал

Познати се групите за првата фаза од Светското првенство во кошарка во машка конкуренција што ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Жрепката одреди во првиот круг да се соочат селекциите на САД и Грција, а во конкуренција за првите две места од оваа Ц група се уште националните тимови на Нов Зеланд и Јордан.

Интересна битка за освојување на првата и втората позиција ќе се води и во Х групата каде покрај Канада и Франција во трката се репрезентациите на Летонија и Либан.

Неизвесна борба се очекува и во Е групата каде покрај домаќинот Јапонија, кој е аутсајдер во конкуренција се Австралија, Германија и Финска.

Според системот на натпреварување, двете првопласирани од секоја група продолжуваат во следната фаза каде тимовите ќе бидат поделени во четири групи по четири, а место во четвртфиналето обезбедуваат освојувачите на првите две позиции.

Осминафиналните групи ќе се играат во сите земји домаќини (две во Филипини, една во Јапонија и Индонезија), а елиминациската фаза ќе се игра на Филипините.

Светскиот шампионат се игра од 25 август до 10 септември.

 

КОШАРКА СП – ПРВА ФАЗА

А ГРУПА (Филипини / Бокауе – Кезон Сити)

Филипини, Италија, Доминиканска Република, Ангола

 

Б ГРУПА (Филипини / Кезон Сити)

Србија, Порторико, Кина, Јужен Судан

 

Ц ГРУПА (Филипини – Пасај)

САД, Грција, Нов Зеланд, Јордан

 

Д ГРУПА (Филипини – Пасај)

Литванија, Црна Гора, Египет, Мексико

 

Е ГРУПА (Јапонија – Окинава)

Јапонија, Германија, Финска, Австралија

 

Ф ГРУПА (Јапонија – Окинава)

Словенија, Грузија, Венецуела, Зеленортски Острови

 

Г ГРУПА (Индонезија – Џакарта)

Шпанија, Бразил, Иран, Брег на Слонова коска

 

Х ГРУПА (Индонезија – Џакарта)

Франција, Канада, Летонија, Либан

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе