Вести Економија

Среде криза и скапа енергија, девизните резерви скокнале за 270 милиони евра, наведува Народната банка која цитира извештај на “Фич”

Македонската економија покажа отпорност на глобалните шокови, соопшти Народната банка која се повика на извештај на агенцијата за кредитен рејтинг “Фич”.

Макроекономската стабилност е задржана, поддржана од конзистентната поставеност на политиките и долгорочната стабилност на девизниот курс. И покрај притисоците од увозните цени на енергентите врз трговскиот дефицит, во 2022 година девизните резерви забележаа раст од 270 милиони евра. Со тоа девизните резерви и понатаму остануваат на ниво коешто според меѓународните стандарди е адекватно за поддршка на стратегијата на стабилен девизен курс. Банкарскиот сектор е стабилен и не беше зафатен од скорешните глобални стресови. Стапката на инфлацијата започна да се намалува од ноември наваму и се очекува тој тренд да продолжи оваа година. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој се подобрува изгледот на кредитниот рејтинг на земјава, на ББ+ со стабилен изглед, информираат од НБРМ.

Стопанска комора најавува решенија за да се спречи повторен економски шок кај компаниите

Македонската економија покажа отпорност на глобалните шокови. Макроекономската стабилност е задржана, поддржана од конзистентната поставеност на политиките и долгорочната стабилност на девизниот курс. И покрај притисоците од увозните цени на енергентите врз трговскиот дефицит, во 2022 година девизните резерви забележаа раст од 270 милиони евра. Со тоа девизните резерви и понатаму остануваат на ниво коешто според меѓународните стандарди е адекватно за поддршка на стратегијата на стабилен девизен курс. Банкарскиот сектор е стабилен и не беше зафатен од скорешните глобални стресови. Стапката на инфлацијата започна да се намалува од ноември наваму и се очекува тој тренд да продолжи оваа година. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој се подобрува изгледот на кредитниот рејтинг на земјава, на ББ+ со стабилен изглед, информираат од НБРМ.

Од „Фич“ наведуваат дека растот на инфлацијата го достигна своето највисоко ниво во октомври 2022 година и забележуваат дека трендот е надолен, како и дека се очекува опаѓање во тек на 2023 година. Ова се должи на олеснувањето на ценовните притисоци кај храната и енергентите, како и затегнувањето на монетарната политика, се наведува во извештајот.

Банкарскиот сектор, според информациите од таму, остана стабилен и не беше зафатен од скорешните глобални стресови, се оценува во извештајот за кредитниот рејтинг. Адекватноста на капиталот минатата година зајакна на 17,7%. Нефункционалните кредити на крајот на 2022 година останаа на историски најниско ниво од 2,9%, додека стрес-тестовите на централната банка покажуваат отпорност на шокови при раст на каматните стапки и цените на енергија. Во извештајот се забележува и дека штедењето во девизи постепено се намалува меѓу другото и како резултат на мерките на Народната банка за повисока стапка на задолжителна резерва на девизната компонента во билансите на банките, што го поттикнува штедењето во денари.

„Бел штрајк“ во фирмите каде расте минималната плата, но стагнираат платите на останатите вработени

Во извештајот на агенцијата „Фич“ се наведува дека надворешниот сектор остана отпорен и покрај проширувањето на трговскиот дефицит, предизвикан од повисоките цени на храната и енергентите на светските берзи. Иако, ова влијаеше на продлабочување на дефицитот на тековната сметка на околу 6% од БДП, високите приливи на странски директни инвестиции, како и странските извори на финансирање, придонесоа за раст на девизните резерви за 270 милиони евра.

Што е деловна тајна според законот за јавни набавки и што не смее да се крие од граѓаните како што се крие договорот со Бехтел и Енка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе