Вести Економија Македонија

„Бел штрајк“ во фирмите каде расте минималната плата, но стагнираат платите на останатите вработени

„Бел штрајк“ се појавува во фирмите и институциите каде што расте минималната плата, но стагнираат платите на останатите вработени.

Овие работници работат, но не го даваат својот максимум.

Економскиот експерт, Глигор Ивановски ваквата состојба креира многу сложени проблеми и се почеста, бидејќи се случуваат апсурдни примери во кои најниската плата во една фирма со покачувањето на минималната плата ја надминува пример плата на благајникот.

Забележува дека постојано расте и износот на потрошувачката кошница, анализите покажуваат дека граѓаните најголем дел од платите ги трошат на храна.

Според Ивановски со ваквите примања и цени не може нешто важно да се промени во државата.

Во земјите се поразвиени економии трошоците за исхрана се помалку од 30% од вкупните примања.

Од реалниот сектор посочуваат дека со растот на минималната плата приморани се да ја зголемат платата и на останатите работници.

Голем дел од фирмите ги зголемиле линеарно платите на вработените, со цел да ги мотивираат своите работници.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе