Вести Македонија Топ вести

За 13 години бројот на македонски граѓани кои зеле бугарски пасоши се искачил на 84.786

Македонците со намален интерес, но се уште први на списокот на баратели на бугарски пасош. Ова го покажуваат податоците објавени од „Еуроактив“ за издадени бугарски пасоши по потекло во 2022 година, во кои од вкупно  7.410 пасоши, 1.992 завршиле во рацете на македонски државјани. Втори на ранг листата се Украинците со 1.639, трети се Турците со 1.290, по што следат Србите со 556 добиени пасоши.

Македонците иако се најбројни, сепак споредено со бројките на издадени пасоши во годините претходно 2021 и 2020, покажува дека трендот на вадење бугарски пасош е повеќе од преполовена. Во 2021 Бугарија издала 7.696 пасоши на Македонци, а во 2020 на 9.098.

Десет години претходно, поточно од 2010 до 2020 година бугарски пасош добиле  66.000 Македонци, што споре податоците презентирани во бугарското собрание во 2020 година било 90 проценти од вкупно поднесените барања за бугарски пасош од македонски државјани – 78.000. Речиси сите бугарски пасоши на македонските државјани им се издадени по основ на нивно бугарско потекло.

Доколку се соберат бројките на бугарски пасоши за макеоднски граѓани од 2010 до денес, се доаѓа до бројка од 84.786.

Во Бугарија во 2018 година беше открина голема афера со тргување со бугарски пасоши, односно во Државната агенција за Бугари во странство открина е разработена мрежа која посредувала при добивање на документи, пред се за баратели од Македонија, Молдавија и Украина. Обвинувањето беше дека за 5.000 евра им се издавале документи на баратели пасош со кои тие докажувале дека имаат бугарско потекло.

Првообвинет во случајот првиот човек на бугарската Агенцијата, Петар Харалампиев, во 2021 година заврши и на црната листа на САД, заедно со уште еден функционер од државната агенција за Бугарите во странство.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски полни батерии на Огражден, „Вреди“ подготвуваат барања

Дејан Дејан

Обвинителството ќе ја истражува смртта на седуммесечното бебе, кое почина по операција во охридската болница поради повреда на главата

Дејан Дејан

За неколку дена ќе се знае каде ќе се прегласува – ДИК прифати приговори за седум избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе