Вести Македонија Топ вести

Анима Мунди ќе поддржат забрана за увоз на животни кои имаат физички предиспозиции да загрозат живот на друго битие

Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема. Ова го соопштија од Анима Мунди преку социјалните мрежи за инцидентот во кој домашно куче од расата англиски мастиф нападна и уби 8-годишно момче.

„Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но што и да се рече сега е доцна за ова дете , а секое слободно толкување во однос на оваа несреќа од која нема назад за нас е непримерно и болно. Единствено што би сакале да се знае дека како здружение за заштита на животни без дилема и веднаш би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има физички предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да загрози животот на друго битие“, велат од здружението во својот статус.

Тие нагласуваат дека според статистиките, најголемите, најсилните животни имаат најстабилен карактер, се најмирни, но нивната сила е огромна, па дури и со еден потег можат  да бидат кобни по човек или животно.

„Еден може да биде фатален. Поддржуваме и бараме прецизна категоризација во соработка со стручни и засегнати страни и мораторијум на размножување, продажба и увоз на животни кои ќе се категориризаат како такви веднаш. Наши предлози се и мандаторна стерилизација или забрана за размножување на сите кучиња, но за овој тип на животни ги бараме и поддржуваме веднаш“, посочуваат од Анима Мунди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе