Вести Економија

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар

Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар Еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 81 денар, а Еуросупер БС – 98 ќе има цена од 83 денари.

Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 денари за килограм и ќе изнесува 38,130 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе